„Не сме дојдени од лудост туку за гордост и правда“ – пензионерите на протест бараат 3.500 денари зголемување на пензиите

Пензионерите од Штип денеска пред просториите на Здружението на пензионери одржаа протест, барајќи линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари.

Соња Ристовска од Инцијативниот одбор на пензионерите вели дека едно од барањата е и промена на методологијата за пресметка на пензиите.

„Tука не сме сега дојдени од лудост, туку за гордост, за да го зачуваме достоинството и единството. Силата е во нашето единство“, вели Ристовска.

Advertisements

Таа ги повика штипските пензионери кои се заинтересирана да присуствуваат на протестот во Скопје на 20 септември да се пријават во Здружението за да се обезбеди превоз.

Пензионерите кои денеска протестираа најавија дека до 20 септември ќе имаат мирни собири и протести.

Со своја реакција за пензиите се јави и докторот Нико Беќаровски кој изнесе податоци колкави се пензиите во дел од земјите членки на Европската унија, но и колку се во нашето соседство.

„Просечната пензија во Словенија изнесува 1095€ т.е. ЦЕЛИ 76,5% од просечната нето плата 1380€. Просечната пензија во Германија изнесува 1538€ т.е. ПРИСТОЈНИ 64% од просечната нето плата во Германија од 2.380€. Просечната нето пензија во Хрватска е само 4.46€, односно САМО 38.8% од просечната нето плата 1150€.само 39,1% од просечната нето плата од 1.940 лева. Просечната пензија во Македонија е 15.705 денари односно само 43.1% од просечната нето плата од 36.540 денари“, напиша Беќаровски на Фејсбук.