Николовски: Нема да дозволам никој да се збогати на грбот на земјоделците и граѓаните

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кажа дека цената на кромидот достигнува до 100 денари за килограм, иако неговата реална цена е двојно пониска, односно треба да биде 50 денари.

Николовски кажа дека министерството дава поддршка за замрзнување на цените на одредени земјоделски производи.

“Ова е време за солидарност, а не за профитерство. Јас нема да дозволам никој да се збогати на грбот на земјоделците и граѓаните. Производствена цена на кромидот е околу 20 денари по килограм за работна сила и дополнителни трошоци, а тоа значи дека со сите остаснати трошоци на трговецот, релната цена треба да биде до 50 килограми за килограм“, вели Николовски.

Advertisements