Овошјето и зеленчукот повторно со повисоки цени, граѓаните да бидат спокојни порача Бектеши

Поради повисоките увозни цени кои што ги пријавиле увозниците Владата ги корегираше цените на дел од замрзнатите на овошјето и зеленчукот.

Така се очекува килограм домати и краставици да чини најмногу 95 денари, килограм пипер ќе се продава најмногу до 100 денари, а гравот ќе може да се купи за 95 денари. Кромидот поскапува за десет денари и ќе се продава за 70 денари, а леќата ќе рипне на 110 денари.

Според владината Одлука, килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари.

Advertisements

„Контролите ќе продолжат, ситуацијата секојдневно ќе се следи и ако е потребно, повторно ќе се интервенира доколку забележиме намалени увозни цени. Граѓаните да бидат спокојни“, порача денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Предвидено е одлуката да стапи на сила до крајот на април. Во меѓувреме инспекциите се на терен и вршат контроли дали се почитуваат владините мерки.