Ковачевски: Имаме поевтинување на цените на лебот и млекото

Регистрирано е поевтинување на цените на лебот и млекото, кај одделни пекари и млекарници,  истакна премиерот Димитар Ковачевски во воведното обраќање на отворањето на годишната конференција „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ организирана од Стопанската комора на Северна Македонија.

„Донесовме одлука за основните и средни јавни училишта, компаниите од прехранбената индустрија и јавните претпријатија од областа на водостопанството да можат да склучат договор со ЕСМ Продажба и да имаат поевтина струја. Со оваа одлука, кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на бел леб, исто така има намалување на цените на млекото кај одредени од млекарниците. Треба да се има предвид дека одредени маркети имаат залихи од претходно и тие се по стари цени. Во наредниот период очекуваме дека ќе има дополнително намалување на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување очекуваме да биде како што беше договорено до 10 проценти. Досега според податоците од ЕСМ Продажба, 187 компании од прехранбената индустрија имаат склучено договор за субвенционирана струја. Во оваа прилика би сакал и тука пред вас, пред компаниите кои се во овие дејности да апелирам на солидарност, одговорност и рационалност и почитување на договореното“, рече Ковачевски.

Во насока на ублажување на инфлаторните притисоци, Ковачевски истакна дека се воведени поповолони услови за граѓаните и стопанството, без административни постапки, да може да поставуваат фотоволтаци за производство на електрична енергија.

Advertisements

„Граѓаните и стопанството можат по поволни услови и побрзо да постават фотоволтаици – до 6 киловати за домаќинство и до 40 киловати за фирмите, без административни постапки и без да се чека одобрение за градба од локалната самоуправа со оглед на тоа дека сите законски решенија и правилници се променети веќе за да се оствари ова ветување кое го дадовме пред точно 1 година“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека со новиот Предлог-буџет за 2023 година ќе продолжи подршката за граѓаните и стопанството за справување со предизвиците кои ги поставува енергетската криза.

„Буџетот за 2023 година е мој прв буџет како премиер и лично ќе се залагам да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата за да понатаму се постигнат посакуваните и потребни стапки од 5 проценти на БДП“, рече Ковачевски.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски посочи дека буџетската каса е проектирада  да може да обезбеди стабулност, сигурност и екомомски раст во услови на криза.

„Од вкупниот буџет за 2023 година за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра. Кризата сè уште трае, ја менува формата и динамиката, поставува нови неизвесности и предизвици, и Владата е тука да ги слушне сите предлози на деловната заедница како што ги слушаше и досега“, рече Ковачевски.