Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ), одлучи од полноќ да поскапат горивата во просек за 2,06 отсто.
ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 1,5 денар, и од утре ќе се продава по цена од 84,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98 поскапува за 2 денари, и според новата цена ќе се продава по 87 денари по литар.
Поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ за 2 денари и од утре ќе се продава по малопродажна цена од 74 денари по литар.
Поскапува и цената на екстра лесното масло за 1,5 денари, и ќе се продава по 73 денари. Мазутот се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 41,1 денар по литар.
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,946 отсто, кај дизелот за 4,784 отсто, кај екстра лесното масло за 4,793 отсто и кај мазутот има зголемување за 1,892 отсто“, појаснуваат од РКЕ и додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто.