Поскапуваат нафтените деривати

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати – бензинот од 95 октани за 1 денар за литар, бензинот од 98 октани за 1,5 денари, дизелот за 1 денар, а нафтата за домаќинствата за 1,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,176 денари за килограм.

Литар Еуро супер од 95 октани од утре ќе се продава за 80 денари за литар, бензинот од 98 октани за 82,50 денари, дизелот за 81,50 денари и нафтата за домаќинства ќе се продава за 81,00 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 39,459 денари за килограм.

Advertisements