Просечната нето-плата за една година порасна за 13,3 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.3, осносно се зголемила за 13,3 отсто и минатиот ноември изнесувала 33.011 денари.

Како што соопштуваат од ДЗС, растот во ноември 2022, споредено со истиот период претходната година, се должи на зголемување на исплатена нето-плата во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18,7 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,5 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (17,3 отсто).

Од ДЗС информираат дека намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.5 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.5 %) и Уметност, забава и рекреација (3.1 %).

Advertisements

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 49.397 денари.