Просечната плата за една година порасна за 14.8 отсто, во декември изнесувала 34.364 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 114.8, односно истата се има зголемено за 14.8 отсто и во декември изнесувала 34.364 денари.

Од ДЗС посочуваат дека ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите преработувачка индустрија (20.4 отсто), уметност, забава и рекреација (20.2 отсто) и административни и помошни услужни дејности (19.0 отсто).

Advertisements

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во секторите: Транспорт и складирање (10.4 отсто), Дејности во врска со недвижен имот (10.2 отсто) и Уметност, забава и рекреација (8.4 отсто).

Според податоците на ДЗС, зголемување на индексот се забележува и кај просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, кој изнесува 114.9.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 51 387 денари.