„Пуцко Петрол“ ја зголеми сопственоста во „Окта“

„Пуцко Петрол“ поседува 11,05 проценти од вкупниот број акции на рафинеријата „Окта“. Сопственичкиот удел е зголемен по последната берзанска трансакција, со купување на 1.565 акции.

„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, ОКТА АД- Скопје објавува дека, по соодветно известување, Пуцко Петрол ДООЕЛ Скопје ја зголеми својата сопственост за 1,565 акции, достигнувајќи вкупно 93,530 акции, што одговара на 11,05% од вкупниот број на акции“, се вели во информацијата од Окта, објавена на Македонската берза.

Инаку, „Пуцко петрол“ е во првите три компании кои во 2022 година склучиле 413 договори за јавни набавки во државните институции во вредност од околу 50 милиони евра.

Advertisements