Славески: Реалната платa е намалена за 5 отсто, куповната моќ на граѓаните е пониска

Растот на плати со кои толку се фали Владата на ДУИ поддржана од СДСМ статистички е докажано дека всушнот е опаднато во просек за 5 отсто во реална вредност. Куповната моќ на платите е пониска по сите зголемувања од она што беше пред неколку години, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Славески посочи дека имаме блиску 20% инфлација што е двојно повисока од онаа во еврозоната, а со тоа народот осиромаши.

„Прашање е колку ќе опстои Владата за тоа да се зголемат и останатите плати затоа што видовме дека во неколку наврати кога се зголемуваше минималната плата од 15,200 денари на 18,000 и подоцна зголемување некое кое немаше врска со процентуалното зголемување и со колективните договори кои требаше да се почитуваат тоа дојде само онаму каде синдикатите беа доволно силни како во Образованието и Здравството да издејствуаат зголемување на минималната плата“, изјави Славески.

Advertisements