УЈП предупредува на измама со дебитни и кредитни картички

Управата за јавни приходи(УЈП) ги информира граѓаните дека вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина:

„Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija . Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.“

Advertisements

УЈП апелира да не се отвораат овие СМС пораки и да не се отвора линкот, а доколку некој го отворил линкот, да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што истите можат да бидат злоупотребени.

УЈП ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.