Новинарот на ТВ Алсат, Мефаил Исмаили на денешната прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски му подари леб и фискална сметка, со цел да го демантира во изјавите за намалување на цените на основните прехранбени производи за 10%.
„Бидејќи зборувате стално за намалување на цените, сакам да ве прашам, стално велите дека лебот и други елементарни продукти поефтинуваат за 10%, веќе неколку недели јас го слушам тоа. Ова е леб кој го купив 10 минути пред почетокот на конференцијата, цената е иста како што беше пред три недели, 51 денар, а пред прес конфенрецијата исто 51 денар“, рече новинарот Исмаили подавајќи му го лебот и фискланата на премиерот Ковачевски.
Премиерот Ковачевски негираше дека се изјавува дека цените на основните продукти се намалени, појаснувајќи „велиме дека треба да поевтинат до 10%“ .
Ковачевски истакна дека не согласува со новинарот во делот на оценките на новинарот за снабдувањето со основни прехранбени производи.
„Јас знам која е цената на овој леб. Она што го направи Владата, министерот за економија имаше состаноци со сите стопански комори и на нивните здруженија кој се во делот на основни прехранбени производи, тука мислам на лебот, млекото, месото, рафинираното масло, на тие состаноци донесен е заклучок дека постојат неколку фактори кои ја зголемуваат цената на основите прехранбени производи. Прво суровините, кои имаат зголеми цени на светските берзи заради војната во Украина, втор цената на електричната енергија која е прилично голем импут во нивното производство“, рече Ковачевски.
Тој истакна дека Владата за да излезе во пресрет на производителите на основни прехранбени продукти, цената на електричната енергија, која што сега е над 400 евра за мегават час, со одлука на Влада е утврдено да биде 80 евра за мегават час.
„Тоа е пет пати помалку од берзанската цена. На тој состанок исто така, заедно со министерот за економија беше и претставник на Стопанската комора во делот на основни прехранбени производи, каде беше кажано дека е постигнат договор цените да бидат намалени најмалку 10 проценти, откако ќе бидат ставени на снабдување на електрична енергија кај „ЕСМ Продажба“, по цена од 80 евра за мегават час“, рече Ковачевски.
Тој истака дека Владата има механизми за законски ограничувања на цените во случај да не биде испочитуван постигнатиот договор со коморите, притоа најавувајќи дека министерот за економија пак ќе има состанок со Стопансакта комора, на кој ќе се утврди до каде е намалувањето на цените.
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција во Владата со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, го презентираа
Буџетот на МТСП за 2023 година.
Делот од од прес-конференцијата каде новинарот Исмаили го подарува лебот и фискалната на премиерот Ковачевски, може да го погледнете од 51:30 минута од видеото.