Револт, негодување и многу негативни коментари на социјалните мрежи предизвика информацијата дека се очекува зголемување на платите во Владата во 2023 година според кое просечната бруто плата ќе се зголеми за 5.350 денари и в година ќе изнесува 64.200 денари.
Граѓаните реагираат затоа што во период на инфлација, драстично зголемени трошоци за живот кога едвај се преживува во месецот владините функционери проектирале во буџетот поголеми плати.
Анализата за платите врз основа на проекциите на предлог-буџетот за 2023. како што пренесовме ја објави Порталб.мк, медиум кој анализира и дека платите, пак, во Собранието ќе се намалат за 6.600 денари и во 2023 година ќе бидат 66.900 денари, но на нож беше дочекана само веста за раст на платите во некои министерства.
Но, еве што велат граѓаните:
„На пензионерите дадовте по 1.000 денари, а вие по 5.600 денари. Два стомаци ли имате…. нели го жалите народот?“?
„Каде ви е се парите за лицата со попреченост. За лицата со Даунов синдром за лицата со аутизам за лицата со церебрална болест итн. Како не вие срам и немате никаква доблест према овие лица. Уште јавно кажувате за покачување на вашите плати. Што направивте за оваа држава освен пропаст. Вие не сте за жалење туку за плачење“
„На пензионерите по 300 или 500 денари, а за нив 5.500!“ ,
„Срамота невидена, работниците за минимална ли ќе работат“,
“ Треба да си ги скратат за толку, а не да си ги покачат“…..
Во контекст на овие сосема оправдани реакции на граѓаните се и официјалните податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика според кои индексот на трошоците на животот во ноември 2022 година, во однос на ноември лани бележи зголемување од 19.5 %, а индексот на цените има зголемување од 15.2 %.
Освен тоа и цените на храната и безалкохолните пијалоци во номеври 2022 година, споредено со истиот месец минатата година, бележат раст од 29,8%, додека пак кај трошоците за домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Државниот завод за статистика измерил раст на цените од 20%.
ФОТО: Роберт Атанасовски