Владата подготвува нови антикризни мерки, Ковачевски најави поголеми плати и пензии

Премиерот Димитар Ковачевски, најави дека се подготвуваат нови антикризни мерки со таргетиран пристап, ќе се зголемат платите и пензиите според предвиденото во колективните договори, ќе продолжат поддршката за компаниите, грижата за стандардот на граѓаните и капиталните инвестиции.

„Во буџетот за антикризни мерки до крајот на оваа година се предвидени 75 милиони евра, а за следната година предвидени се дополнителни 55 милиони евра. Овде пред сѐ продолжуваме со мерката за субвенционирање на електричната енергија“, вели премиерот.

За пензионерите со пензии до висина на минималната плата ќе има финансиска поддршка, најави Ковачевски на социјалните мрежи.

Advertisements

„Минималната плата ќе биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари. Зголемени плати ќе имаат и работниците во целиот јавен сектор.Буџетот на нашата држава ги исполнува целите за кои е направен, како што се обезбедување на фискална, економска, макроекономска и монетарна стабилност.Носиме мерки со кои го подобруваме животниот стандард на сите наши граѓани“, вели Ковачевски.

Со атикризните мерки што ги подготвува Владата, а кои наскоро ќе бидат презентирани, ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани, меѓутоа ќе бидат опфатени и пензионерите.