Општината Фаистос на грчкиот остров Крит набави две електрични возила на Брако, од моделот GM 500 ZE.
Како што е наведено во соопштението, целта на општината е да го електрифицира возниот парк и да ја подобри ефикасноста на комуналната служба со цел хигиената на градските улици да се одржува подобро без да се загадува водухот.
„Дел од квалитетите на ова возило поради кои комуналните служби во општината го одбраа се тростепен систем за филтрација на прав, големa вшмукувачка моќ и можност да собира различен отпад – од прашина до цврст отпад, исклучително тивкиот режим на работа, малите трошоци за дополнување на литиум-јонските батерии со кои се движи возилото, ергономскиот дизајн и лесното управување“, се вели во соопштението на Фероинвест.
Преку линијата на електрични и водородни возила за одржување на хигиена, Брако и неговиот бренд Грин машинс ги поддржуваат локалните власти во одржувањето почисти градови и поздрава животна средина.
Возилата се користат во урбани средини во над 60 држави во светот.