Атрофирани институции!

Во сите годишно извештаи на ЕУ за прогресот на Македонија, една реченица е константа: „Државата нема, односно не изгради кредибилни институции “.

Последната одлука на Претседателката на државата за помилување на дел од осудени лица, уште еднаш силно ја потврди оваа оценка на ЕУ.

Според нашиот правен систем, во постапката за помилување вклучени се бројни државни институции од извршната и судската власт и сите имаат обврска да проценат и дадат свое мислење за кандидатите за помилување,пред шефот на државата да го потпише актот за помилување.

Освен нив,шефот на државата има на располагање и Комисија за помилување,како советодавен тим,составен од компентентни луѓе.И сите тие дозволија да биде помилуван докажан,повеќекратен криминалец. Да биде превидот уште поголем, потписникот на актот, по професија е професор по уставно право,околност што ја зголемува нејзината одговорност.

Advertisements

Иронијата да биде поголема,слободата на осуденикот траеше само еден ден,но доволно време истиот да игра мајтап со Претседателката..Толку време му требаше и на јавниот обвинител да побара притвор на затвореникот,за ново кривично дело.

Отсуството на одговорно однесување и комуницирање меѓу сите надлежни фактори,само покажува колкава е внатрешната ерозија и атрофија на институциите на системот.Без инклузивност на институциите,државата едноставно неможе да функционира.

Е,ај да видиме, дали некој од мноштвото одговорни ќе одговара за овој голем скандал?
(Фејсбук статус)