Големиот дизајнер си заминува од „Гучи“ – креираше со страст и имагинација

Алесандро Микеле, 49-годишниот дизајнер играше фундаментална улога во создавањето на Гучи она што е денес овој бренд, изјави денеска извршниот директор на конгломератот, Франсоа-Анри Пино откако дизајнерот со светски глас се повлече од функцијата креативен директор, по речиси осум години на оваа функција.

Микеле во сиот овој период беше клучен во подемот и помогна да оживее и да се трансформира богатството на италијанската етикета на висока мода.

„Патот што Гучи и Алесандро го поминаа заедно во изминатите години е единствен и ќе остане како исклучителен момент во историјата на Гучи. Неговата страст, неговата имагинација, неговата генијалност и неговата култура го ставаат Гучи центар на сцената, каде што е неговото место“, рече Анри Пино.

Advertisements

Алесандро Микеле  е роден на 25 ноември 1972 година). Тој во италијанската модна луксузна куќа работеше од 2002 година. Познат по своите максималистички дизајни, Алесандро Микеле ја оживеа популарноста на Гучи, особено со естетика на Geek-Chic. Тој беше одговорен за сите колекции на Гучи и имиџот на глобалниот бренд од јануари 2015 година додека не се повлече од улогата во ноември 2022 година.