Анџелина Џоли проговори за нејзината мајка која почина од рак и еве што им порача на сите жени

Холивудската актерка Анџелина Џоли на својот профил на Инстаграм, во чест на Светскиот ден за борба против ракот на јајниците, објави фотографија со нејзината почината мајка, која денеска би го имала својот 73-ти роденден.

„Утре ќе и беше 73 роденден на мајка ми. Таа почина пред 15 години, по долга борба со ракот на дојката и јајниците, напишала Анџелина, а потоа продолжила:

„Имав превентивни операции за намалување на шансите за болеста, но продолжувам да одам на прегледи. Мајка ми го сакаше Хендрикс и секогаш ги потпишуваше нејзините писма со зборовите „бакни го небото“, кои добија ново значење откако таа умре. Ја испраќам мојата љубов до оние кои исто така изгубија најблиски и сила до оние кои моментално се борат за своите животи и животите на оние што ги сакаат. Имам само едно да им кажам на сите други жени, ве молам одвојте време и грижете се за себе и одете на мамографи и крвни тестови или ултразвук, особено ако имате семејна историја на рак“, порача Џоли.

Advertisements

Познатата актерка го отвори срцето за „Тајм“ во 2019 година за нејзините превентивни процедури по трагедијата со губењето на мајка си од рак.