„Авалон“ ќе ни донесе виртуоз – човекот што ја делеше гитарата со Френк Запа ќе свири и во Македонија

„Авалон продукција“ најавува концерт на гитаристот Стив Ваи во Скопје.

Концертот на еден од најактуелните американски гитаристи е најавен  на 26 април во СРЦ Кале.

„Како дел од листата на десетте најдобри гитаристи на сите времиња, Стив Ваи свирел и бил дел од студиските албуми на Френк Запа, Моторхед, Дејвид Ли Рот и Вајтснејк, истовремено градејќи кариера со крајно индивидуалистички и иновативен пристап кон својот инструмент, осум соло албуми и три Греми награди“, се вели во соопштението на „Авалон“.

Advertisements

Скопскиот концерт на Ваи е во рамки на промоцијата на неговиот актуелен албум „Inviolate“, кој се најде на првото место на „Hard Rock Albums“ листата.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од петок, 20 јануари, во 9 часот наутро, онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон Продукција.