Познатата италијанска актерка Џина Лолобриџида почина на 95-годишна возраст, јави Анса.
Лолобриџида беше секс симбол во педесетите години на минатиот век, а подоцна работеше како фоторепортер и скулптор, откако го напушти светот на филмот.
Родена е на 4 јули 1927 година во едно мало место оддалечено 50-тина километри од Рим.
На 20 години се појави на натпреварот за Мис на Италија, а публиката беше воодушевена од нејзината убавина.
Иако го освои третото место, нејзината убавина и обезбеди многубројни понуди од филмските режисери кои сакаат да ја видат во своите филмови.
Сакала да студира ликовна уметност, но сепак заврши на филмското платно.
Првата улога ја имаше во филмот „Црн Орел“ од 1946 година, а после тоа и се отворија вратите на филмската индустрија.
Глумеше во филмовите „Љубовен еликсир“ и „Лудост поради опера“, а после нив доби повик од Хауард Хугес да дојде во Холивуд. Не размислуваше долго, ги спакува куферите и замина за Америка.
Хугес наводно доаѓал во нејзината хотелска соба после полноќ со оркестар, барајќи од Џина да танцува до раните утрински часови. После три месеци сакал да потпише договор на англиски, но таа барала превод пред да стави потпис. Тој се навредил поради тоа и никогаш немаат склучено договор, а Џина се врати во Рим.