(ФОТО) Бунтовната Сузан Сарандон заврши зад решетки

Холивудската актерка Сузан Сарандон се најде зад решетки поради учество на протест во Капитол на државата Њујорк.

Законодавците од државата Њујорк планираат да ја зголемат минималната плата на 17 долари на час, но работниците од рестораните кои добиваат бакшиш се исклучени од новиот закон, јавуваат американските медиуми.

Сузан, заедно со останатите кои беа приведени, набрзо излезе од притвор, а во јавноста се појавија фотографии од актерката со лисици на рацете.

Advertisements

Холивудската ѕвезда е позната по учеството на бројни протести и гласно искажување на своите ставови.