„Дел од моето срце секогаш ќе биде резервирано за Здравко Чолиќ“ – ова е актерката во која беше вљубен популарниот пејач

Популарниот српски пејач Здравко Чолиќ повеќе од две децении е во хармоничен брак со сопругата Александра со која има две ќерки.

Сепак, речиси никој не знае дека една актерка била негова голема љубов, пишува Нова.рс

Се работи за актерка Јасна Орнели Бери.

Advertisements

Јасна и Чолиќ на почетокот на 70-тите години се запознале во Сараево и се вели дека љубовта веднаш се запалила. Тогаш многу се зборуваше за нив и нивната врска, а Јасна за љубовта со пејачот проговори дури по 47 години.

„Се запознавме многу млади, многу одамна. Отидовме во Скендерија, во Домот на млади, кој собираше таленти, а имаше не само музичари туку и актери и сликари. Се дружевме и таму се заљубив за прв пат. Сите имаме прва љубов и тој секогаш ќе има дел во моето срце кое е резервирано само за него. Особено затоа што имав прекрасно искуство кое ќе го паметам до крајот на мојот живот“, изјавила актерката во една прилика, додавајќи дека по некое време нивните патишта се разделиле, а за прв пат се сретнале по војната во Белград:

„Тоа беше многу емотивна средба. Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој го има тоа нешто. Сега после толку години успеа да го задржи тоа. Тој е добар човек. Го сакав неговиот нерв, таа искра во окото што не престанува да зрачи. Чола ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“, заклучи Јасна.

Насловна фотографија: Фејсбук профил на Здравко Чолиќ