Легендарниот италијански судија и претседател на Судиската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Пјерлуиџи Колина, најави дека оваа организација наскоро би можела да ги промени правилата за надополнување на времето на крајот од натпреварите.
Имено, Италијанецот проговори на оваа тема откако Ливерпул го совлада Манчестер Јунајтед со 7:0 во најголемиот натпревар на англискиот фудбал, а вториот дел беше продолжен за три минути.
„Модерниот фудбал е таков што еден гол може драстично да влијае на конечниот исход на натпреварувањето, особено во оние натпреварувања каде гол-разликата е многу важен параметар при одлучувањето за редоследот. Но, мора да земеме предвид и некои други сегменти. На пример, доколку некој тим има убедлива предност зошто да се продолжува натпреварот кога тоа не го сакат ниту едните ниту другите“, рече Колина и продолжи:
„Еве, да речеме дека натпреварот помеѓу Манчестер и Ливерпул беше продолжен за вкупно четири минути. Една минута во првото полувреме, кое заврши 1:0 и три во второто, Јунајтед постигна шест гола. Сите едвај чекаа надтпреварот да заврши.Затоа велам дека можеби во иднина би можеле да размислуваме за промена на тоа правило, но мора да бидеме многу внимателни и да не наштетиме на самата игра“.