Џенифер Лопез на својот фејсбук профил објави дека нејзиниот најнов филм „Мајка“ е најгледан на Нетфликс во 83 земји.
Фановите се воодушевени и пишуваат дека ова е најдобриот филм на Џенифер, а некои велат дека после оваа улога актерката може слободно да го глуми и женскиот Бонд.
Заедно со Џеј Ло, во филмот глумат Луси Паес и Омари Хардвик, кои ја играат нејзината ќерка и агентот на ФБИ. Филмот го режираше Ники Каро.