(ФОТО) Ќе живее засекогаш меѓу ѕвездите – НАСА и Белата куќа се простија од Тина Тарнер

Светот се простува од славната и неповторлива Тина Тарнер која почина на 83-годишна возраст.

Пред само шест месеци во својот дом во Лос Анџелес беше пронајден мртов нејзиниот 62-годишен син Рони Тарнер, додека пред четири години, почина и најстариот син на легендарната пејачка која го доби од врската со саксафонистот Рејмонд Хил.

Освен познати личности од филмската индустрија, пејачи, музичари, од најдобрата пејачка на светот се простија и НАСА и Белата куќа.

Advertisements

„Едноставно најдобра. Музичката легенда Тина Тарнер блескаше на сцената и во милиони срца како кралица на рокенролот. Нејзиното наследство ќе живее засекогаш меѓу ѕвездите“, објави НАСА.

Откако беше објавен постот на страницата на НАСА на фејсбук илјадници фанови на Тина Тарнер ѝ се заблагодарија на НАСА за оддадената почит кон нивната кралица.

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, исто така, и оддаде почит на пејачката, нарекувајќи ја „талент кој се појавува еднаш во генерацијата и засекогаш ја промени американската музика“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер рече дека смртта на Тарнер била „огромна загуба за сите што ја сакаа и за музичката индустрија“.