Магазинот „Максим“ ja прогласи Ешли Греам за најсекси жена во светот во 2023 година.
„Ешли е уметничко дело кое оди. Да беше Ботичели жив денес, таа ќе беше неговата Венера“, објави познатиот магазин.
„Максим“ на својата годишна листа Hot 100 за 2023 година ги наброја најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура.
Ешли има над 20 милиони следбеници на Инстаграм.