(Фото) Милош Биковиќ го испофали „Охридско лето“ – „фестивалот е еден од најубавите на светот“

Го затворивме „Охридско лето“ со претставата „Лагата“. Овој фестивал е еден од најубавите на светот. Претставата беше за паметење. И денот исто така не беше за фрлање, објави актерот Милош Биковиќ на социјалните мрежи.

Тој на фестивалот „Охридско лето“ настапи со неговите колеги од Белградското драмско позориште со театарската претстава „Лагата“.

За време на престојот во Охрид минатиот викенд Биковиќ сподели дел од атмосферата со своите колеги додека уживаат во пливањето во Охридко езеро, прошетка со катамаран и ручек со традиционална македонска храна во кафеана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)