(ФОТО) Нема поубаво девојче од Македонче – нашата Тијана Петреска блесна на светскиот избор за најубава студентка

Дваесет и двегодишната студентка од Скопје Тијана Петреска е избрана за најфотогенична во конкуренција од 70 девојки од целиот свет.

Светскиот избор за најубава студентка се одржа во Сеул, Јужна Кореја каде што Тијана Петреска ја освои титулата Miss Photogenic. 

Тијана е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за сите држави од поранешна Југославија за овој голем светски избор за убавина.

Advertisements

Победничка, односно WORLD MISS UNIVERSITY е претставничката на Костарика, првата придружничка е од Канада, а втората придружничка од Нов Зеланд.