Романската тенисерка Андреа Присакариу, една од најатрактивните, но и најконтроверзните тенисерки никогаш не криела дека е голема обожавателка на Новак Ѓоковиќ.
Позната е по тоа што ги прославува победите на Новак, дури и со српска музика, а во разговор за романскиот портал „ГСП“ се осврна и на Австралија опен.
„Го гледав „Австралија опен“, но само оние натпревари на кои играше Ѓоковиќ. Тој е многу силен и цврст лик, со неверојатен ум. Не можам да најдам зборови да го опишам. Лично, кога ми е тешко, ги гледам неговите видеа на Јутјуб за да се чувствувам подобро“ изјави Андреа и додаде:
Според неа, тоа што му се случи минатата година, го опиша како егзил од светот на спортот:
„Не беше лесно, само тој знае низ што поминал. Можам само да замислам. Но, дојде оваа година, победи и покаже кој е шеф… Тоа беше сензационално! Тој покажува и какво емотивно влијание имаа врз него сите настани“.
На прашањето дали мисли на реакцијата на крајот, Романката призна:
„Таа реакција на крајот ме расплака. Плачев гласно 10 минути. Можете само да замислите колку вложи таа година кога не играше. Доаѓа, ја започнува годината подготвен како што е… Тоа е нешто што 0,1 отсто од луѓето можат да го направат, тоа е ретко“, вели романската тенисерка.
За дербито со Надал на Грен слемовите таа исто така многу интересен коментар:
„Во моментов е изедначен, но лесно ќе го надмине со уште три, четири или пет ГШ. Не знам во каква физичка форма ќе биде Рафа. Секако дека е и голем шампион. Му се восхитував на Шпанецот за решителноста и суровата работа што ја покажува секој ден. Федерер имаше талент и елеганција. Потоа доаѓа Ѓоковиќ кој е комбинација од двете“, изјави Романката Андреа Присакариу.