Кристијано Роналдо, фудбалерот на Ал Наср доби тепих од претседателот на иранскиот клуб Персеполис како подарок во пресрет на мечот од азиската Лига на шампиони во кој ирански Персеполис во Техеран се среќава со тимот од Саудиска Арабија.
Претседателот на матичниот клуб Реза Дарвиша на Роналдо му подари персиски тепих вреден 650.000 евра. Персиските килими се познати по нивната убавина и издржливост, а секој регион во Иран има свои карактеристични дезени и стилови.
Во групата Е од Лигата на шампионите, покрај овие два клуба, играат и катарскиот Ал-Духаил и таџикистанскиот Истиклол Душанбе.