(ФОТО) Роналдо купи ново „бугати“, ваква кола имаат само десетмина во светот

„Bugatti Centodieci“, еден од најексклузивните автомобили во светот се паркира во гаражата на Кристијано Роналдо. 

Португалецот е огромен љубител на суперавтомобили, а најновиот тркачки автомобил му беше испорачан во Саудиска Арабија, каде моментално игра за Ал-Наср.

Најновиот модел на Bugatti, француска компанија која неодамна стана дел од Bugatti Rimac во сопственост на Mate Rimac, вреди осум милиони евра и ги има само десет во светот.

Advertisements

Станува збор за автомобил со мотор W16 со зафатнина од осум литри и 1.600 коњски сили, а максималната брзина му е електронски ограничена на 380 километри на час. Може да забрза од 0-100 km/h за 2,4 секунди, што е фасцинантна бројка ако се земе предвид дека автомобилот тежи речиси два тона.