Актерот Том Сајзмор е во критична состојба и моментално се бори за живот.
Том некогаш беше успешен актер кој се појави во некои од најпопуларните филмови во Холивуд, како што се „Спасување на војникот Рајан“, „Блек јастреб надолу“, „Родени убијци“ и „Жештина“.
Чарлс Лаго, кој е негов долгогодишен менаџер, за американскиот TMZ изјавил дека бил со Том во саботата, во неговиот дом во Лос Анџелес, а потоа актерот околу 2 часот по полноќ доживеал аневризма на мозокот и паднал во несвест.
Неговиот пријател извести дека го нашле Том во бесознание и брзо се јавиле на Брза помош која веднаш го однела во локална болница, каде што останува во критична состојба на одделението за интензивна нега.
Во овој момент, Том е во „лоша форма“, вели Лаго, а неговите шанси за целосно закрепнување изгледаат неизвесни.
Том имаше голем број проблеми со злоупотреба на дрога и судири со законот во текот на годините. Уапсен е поради возење во пијана состојба и семејно насилство, како и поседување недозволени супстанци.