Под рушевините на деветкатница во станбен комплекс во градот Дијарбекир пронајдени се телата на турскиот актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга, музичарката Зилан Тигрис.
Трагичната смрт на турскиот актер Чаaдаш Чанкаја, кој е најпознат по улогата во телевизиската серија „Основачот: Осман“, ја потврди од неговата продукциска куќа „Боздаг филм“.
„Многу сме тажни поради загубата на Чаaдаш Чанкаја, ценетиот актер од нашата серија ‘Основачот: Осман’, и неговата сопруга, музичарката Зилан Тигрис во катастрофалните земјотреси, кои нè повредија сите нас“, велат од „Боздаг филм“.
View this post on Instagram
Во разорниот земјотрес што ја погоди Турција загина и актерката Емел Атичи, која го толкуваше ликот на Сермин во серијата „Горка земја“. Актерката загина во Адана, а во земјотресот загина и нејзината ќерка Ханде Пурјан Атичи.