Фудбалската ѕвезда Меси се вади од кожа кога го критикуваат, еве што му напишал на познат коментатор

Џејми Карагер, легендата на Ливерпул, кој сега работи како стручен ТВ коментатор, во едно интервју неодамна открил дека пред една година добил интересна порака од Лионел Меси која иако била многу кратка открила премногу за фудбалската ѕвезда, односно дека не е од оние што можат да истрпат јавна критика.

Карагер раскажа што е тоа што го коментирал, а предизвикало ваква реакција кај Меси:

„Реков дека ПСЖ со Меси, Мбапе и Нејмар не може никако да ја освои Лигата на Шампионите. Неколку денови потоа добив порака на Инстаграм, која беше на шпански, со само еден збор во неа: Burro или МАГАРЕ. Се уверив дека е од Лео Меси, а јас му се заблагодарив“ потенцираше Карагер.

Advertisements

Лионел Меси е светска фудбалска ѕвезда, еден од најдобрите во историјата на фудбалот, а тоа носи голема одговорност, постојано е под „лупа“ на јавноста.

Во контекст на притисокот што го носи славата Аргентинецот во една прилика изјави дека понекаш сака да биде само „обичен“ човек.

„Вистина е дека имам голем број привилегии во животот. Сепак, постојат моменти кога би сакал да не сум познат и да можам да уживам во обините работи како што е пазарување во маркет, кино, ресторан“, изјави Меси.