Почина братот на легендарната актерка Шерон Стоун (64). Aмериканските медиуми јавуваат дека Патрик Стоун починал ненадејно во Пенсилванија, а имал 57 години.
Од канцеларијата на судскиот совет за TMZ изјавиле дека Патрик доживеал ненадеен срцев удар поради срцева болест. Не е познато дали тој бил хоспитализиран во моментот на неговата смрт.
Шерон се уште не се огласила. Како што објави Page Six, сопругата на Патрик, Таша Стоун, ја сподели тажната вест со пријателите, пишувајќи:
„Моето срце се чувствува како да ми е извадено од градите. Патрик отиде да биде со нашиот сладок Ривер… Не знам што друго да кажам, тој беше мојот свет“.
Ривер беше 11-месечен син на Патрик и Таша, кој почина од откажување на органите во август 2021 година. „Не сум сигурна каков би бил животот без мојот сопруг покрај мене и искрено, не сакам да знам. Само се надевам дека секогаш ќе бидеш тука за мене и ќе ги чуваш Хантер, Кејли и мене“, додаде Таша.
„Додека повторно не се сретнеме, вечно ќе те чувам тебе и нашите прекрасни (и некои не толку прекрасни, но подеднакво важни) спомени при моето срце и секогаш ќе ги негувам тие спомени. Те сакам душо. Моја желба е низ сето ова, барем Ривер да го има својот татко, и се надевам дека вие двајцата најдобро си поминувате“, го завршила Таша тажното збогување со сопругот.