Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска објави дека ја прекинува 10-годишната врска со познатиот новинар Андреа Џамбруно со кого има седумгодишна ќерка.
Во објава на социјалните мрежи Мелони вели дека нивнита патишта одамна се разделени и дека е време тоа да го прифатат.
„Мојата врска со Андреа Џамбруно, која траеше речиси десет години, завршува тука. Му благодарам за прекрасните години што ги поминавме заедно, за тешкотиите низ кои поминавме и што ми го даде најважното нешто во мојот живот, а тоа е нашата ќерка Женева.
Нашите патишта се одамна поделени, и време е да го сфатиме тоа.
Ќе го бранам тоа што бевме, ќе го бранам нашето пријателство, и по секоја цена ќе бранам седумгодишно дете кое ги сака мајка си и татко си, онака како што јас не можев да ги сакам моите.
Нема што повеќе да се каже за оваа.
Пс. сите што се надеваа дека ќе ме ослабат удирајќи ме во куќата треба да знаат дека колку капката да се надева дека ќе го ископа каменот, каменот останува камен, а капката е само вода.
Инаку, во изминатите години Џамбруно, кој е еден од најпознатите водители на информативната програма на Mediaset (дел од медиумската групација на Берлускони), беше критикуван од страна на италијанската јавност поради негови коментари во кои обраќајќи ѝ се на колешка отворено зборуваше дека имал секс со три, четири жени.