„Кога ќе се случи неописива трагедија, песната мора да престане“ – Северина изрази сочувство и го откажа концертот во Белград

Искрено сочувство до сите што изгубија некого денес, напиша Северина на Инстаграм пo страшната трагедија која утрово се случи во Белград, a целиот регион е во жалост.

14-годишен ученик утрово околу 8 часот влегол вооружен во училиштето и почнал да пука. Полицијата потврди дека загинале осум деца и еден чувар. Многумина се ранети, а ученикот е уапсен.

Северина Вучковиќ деновиве планираше концерт во Белград, но го откажа.

Advertisements

„Кога ќе се случи неописива трагедија, кога возрасните остануваат без зборови, кога владее тажна тишина, песната мора да престане и сите ние да им оддадеме почит на невините жртви. Единственото соодветно нешто во овој момент е да се одложи секој концерт, вклучително и мојот. што требаше да се одржи во хотелот The Babe во Белград“, напиша Северина.