Кралот Чарлс III повторно го гаѓаа со јајца, уапсено е момче на 20 години

Британските медиуми јавуваат дека кралот Чарлс III повторно бил мета на напад со јајца. Овој пат е уапсен маж на околу 20-годишна возраст, соопшти полицијата.

Кралот Чарлс III бил гаѓан додека шетал низ плоштадот Свети Џорџ во градот Лутон во јужниот дел на Бедфордшир. Тој бил придружуван од толпа луѓе собрани пред зградата на Градскиот совет во Лутон.

Пред еден месец, кралот исто така беше нападнат со јајца. Напаѓачот, додека полицијата го апсеше,  извикуваше дека „оваа земја е изградена врз крвта на робовите“.

Advertisements