Легендарната Терезa Кесовија вчера со возило на Брза помош од својот дом била пренесена во загрепската болница во Дубрава, пишува „Јутарњи лист“.
Тереза завршила во болница во Загреб откако и се слошило и не се чувствувала добро.
Таа открила и како нејзините соседи повикале брза помош и дека деновиве доаѓале двапати, но првиот пат се вратиле во болница без неа.
„Им реков дека нема да одам со нив. Не сакам болници, се надевав дека овој пат ќе ги избегнам. Сепак, мојата надеж беше залудна бидејќи после тоа повторно ми се стемни пред очите, почнав да се онесвестувам, се препотив со ладна пот. Долго време, не се чувствував добро, па моите најблиски повторно се јавија на 911. Сега сум во болница на прегледи. И јас, како и повеќето луѓе, тешко ја поднесувам оваа екстремна жештина, но уште потешко со сето ова што се случува околу нас, сите овие убиства, силувања, сите овие елементарни катастрофи. Неодамна бев во Словенија во долината Логар во близина на прекрасен мал водопад кој стана огромен поради силните бури и чиј порој ги зафати сиромашните луѓе до смрт. Не можам, а да не размислувам. Сето ова, имам впечаток, ме удира директно во срцето, ја чувствувам тежината на целата таа негативност и сите тие ужаси околу нас“, објаснила Тереза, која се надева дека утре ќе биде отпуштена од болница.