Лекарите не успеаја да го вратат во живот – почина славниот актер откако колабирал на улица

Пол Грант, актерот познат на јавноста по улогите во „Војна на ѕвездите“ и „Хари Потер“, ненадејно почина на 56-годишна возраст, а тажната вест ја потврди и неговото семејство кое откри дека вчера ги исклучиле од апарати, пишува „Дејли мејл“.

Според Дејли Мејл, актерот со години се борел со зависноста од алкохол и дрога, а самиот пред девет години рекол дека сите пари што ги заработил од филмовите ги потрошил на алкохол, дрога и проститутки.

„Скршена сум. Татко ми беше легенда. Тој секогаш предизвикуваше насмевка на сите лица. Татко мој, те сакам многу, спиј мирно“, рекла неговата ќерка Софи Џејн Грант за „Сан“.

Advertisements

Актерот бил пронајден како лежи во несвест на улица во четвртокот попладне. Полицијата го пронашла, а веднаш го однела во болница каде било констатирано дека доживеал мозочен удар. Потоа бил ставен на апарати за одржување во живот, но за жал, тоа не помогнало.

Портпаролот на британската полиција изјави за „Дејли мејл“ дека полицајците го нашле во Кингс Крос, лондонски кварт, и дека реагирале на итна медицинска помош пред станицата веднаш по 14 часот на 16 март.

„Тие извршија CPR на човекот пред да пристигнат болничарите и да ја преземат неговата грижа. Тој беше пренесен во локалната болница во критична состојба“, рече портпаролот.

Пол Грант играше Евок во четвртиот дел од „Војна на ѕвездите“, „Враќање на џедајот“, а во филмот „Хари Потер и каменот на филозофот“, првиот во серијата, го отелотвори Гоблинот. Покрај тоа, тој играше улоги во филмовите „Врба“, „Легенда“, „Лавиринт“ и „Дејс Бигалоу 2“.