Можете ли да го замислите Ал Пачино во „Војна на ѕвездите“? – славниот актер откри дека ја одбил главната улога

Еден од најдобрите актери на сите времиња Ал Пачино раскажа дека во седумдесетите добил интересна понуда, но ја одбил, а станува збор за улога во „Војна на ѕвездите“.

Откако актерот раскажа зошто ја одбил таа улога се пошегува дека Харисон Форд станал познат затоа што не го глумел Хан Соло.

„Ми дадоа сценарио наречено „Војна на ѕвездите”. Ми понудија толку многу пари, но јас не го разбрав. Му дадов кариера на Харисон Форд“, рекол на шега легендарниот актер.

Advertisements

Форд пред тоа имаше неколку помали филмски и телевизиски улоги, но „Војна на ѕвездите“ го претворија во култна ѕвезда.

Сепак, е тешко да се замисли Ал Пачино во улога во „Војна на ѕвездите“. Актерот кој го освои филмското платно со неповторливите улоги на Мајкл Корлеоне во трилогијата „Кум“, Тони Монтана во „Лице со лузна“, Френк Серпико во „Серпико“, Френк Слејд во „Мирисот на жената“, Винсент Хана во „Жештина“, и Рој Кон во „Ангели во Америка“ остави траен белег во филмската индустрија играјќи улоги кои ниту еден  друг актер ќе ги изведеше толку добро.

Тој доби Оскар за најдобар глумец во 1992 година за неговата улога во „Мирисот на Жена“ со седум номинации.