Холивудскиот актер Џек Николсон, еден од најдобрите во историјата на филмската индустрија подолго време не ја напуштил својата вила на Беверли Хилс, пишуваат американските медиуми.
На трократниот оскаровец пред две години му беше дијагностицирана деменција, а последен пат беше виден во јавноста на кошаркарски натпревар на Лејкерс пред две години.
Тој тогаш беше придружуван од неговиот син.
Познатиот холивудски актер веројатно никогаш повеќе нема да глуми во филм. Иако се повлече од јавноста уште во 2010 година по неговата улога во филмот „How Do You Know“, публиката се надеваше дека сето тоа е само шега. За жал, како што пишуваат сите светски медиуми, неговата здравствена состојба е крајно лоша.
Според медиумите Џек „би можел да умре сам бидејќи ретко се гледа со други луѓе“.
Тој поголемиот дел од времето го поминува со својот 30-годишен син.
„Џек е во контакт со одредени роднини, особено со Реј, неговиот штитеник, со кој се гордее, но неговите денови на дружење одамна поминаа“, изјавил извор за Radar Online.
„Неговите деца го посетуваат, но тие се неговата единствена врска со светот. Како да не сака повеќе да се соочува со реалноста и тоа едноставно е тажно“, заклучи изворот.