„Од Мето ги научив најубавите македонски песни“ – легендарната Мира Бањац со голема тага зборува за нашиот Јовановски

Ден по смртта на српскиот актер Жарко Лаушевиќ,  денеска на 16 ноември во Скопје почина нашиот легендарен  Мето Јовановски.

Заминувањето на двајцата бардови од овој свет ја растажи културната јавност во целиот регион, која се збогува со големите актери.

Медиумите во регинот, со пиетет пишуваат за двајцата актери, а српски „Данас“, објави разговор со легендарната Мира Бањац која се присети на времето од пред десетина години кога снимала филм со нашиот Јовановски.

Advertisements

И во децениите по распадот на големата Југославија, пишува српски Данас, за нашиот актер, Јовановски  играше на овдешните сцени, снимаше филмови и серии и го продолжи културниот концепт на поранешната заедничка татковина во најпосветена смисла, пишува Данас.

Како што истакнува легендарната Мира Бањац за Данас, Мето бил и легендарен актер, еден од најголемите што ги имавме на овој простор.

-Пред десет години го снимавме прекрасниот филм „Кога ќе се разбие“ на Горан Паскаљевиќ, Мето имаше епизода таму, но беше магична, како и секогаш. Имаше таква актерска магија и можеше да ја шармира публиката и на филм и во театар, затоа и толку многу играше надвор од Македонија.

– Мето беше господин, а тој беше радосен човек, весел, така го паметам, сакаше да пее. Навистина не работевме многу заедно, но се среќававме во некои прилики, на фестивали. Од него ги научив едни од најубавите македонски песни.

Како што истакнува Мира Бањац за „Данас“, таа е многу тажна овие два дена.

– Прво, замина нашиот прекрасен, нашиот голем Жарко Лаушевиќ, во своите најдобри години, кога уште толку можеше да создава. Тоа е огромна тага. А Јовановски не е многу стар, и многу ќе недостасува како актер и како личност.

Страшно е што си заминуваат толку големи актери, релативно млади умраат, а тоа се случува веќе неколку години. Останува голема празнина во светот на актерството, бидејќи тоа се навистина особено надарени актери, и прекрасни луѓе, што е исто така важно за нашите животи – смета Мира Бањац.