Финската премиерка во заминување Сана Марин и нејзиниот сопруг Маркус Раиконен се разведуваат по 19 години заедно, објави Марин на Инстаграм.
„Заедно поднесовме барање за развод. Благодарни сме за 19 години заедно и на нашата сакана ќерка. Ние сме сè уште најдобри пријатели, ладни еден со друг и родители полни љубов. Ќе продолжиме да поминуваме време заедно како семејство и еден со друг”, додаде таа.
Марин и Раиконен, бизнисмен и поранешен професионален фудбалер, се венчаа во 2020 година, според финскиот јавен радиодифузен сервис YLE, како што објави Си-ен-ен.
Марин и нејзината Социјалдемократска партија загубија на минатомесечните избори во Финска.
Триесет и седумгодишната Сана Марин стана најмладата премиерка во светот кога ја презеде функцијата во 2019 година.