Легендата на бразилскиот фудбал Пеле почина попладнево во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло, на 83-годишна возраст.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња имаше големи здравствени проблеми, а состојбата со ракот систематски му се влошуваше пред десетина дена кога повторно беше примен во болница поради компликации на срцето и белите дробови.
Тогаш беше најавено дека Божиќ ќе го помине во болница, а на Интернет почна да кружи видеа од него како се збогува со семејството и пријателите…
Пеле се бореше со прогресивните ефекти на ракот на дебелото црево. Болеста беше откриена минатата есен, по што Бразилецот беше подложен на хемотерапија.
Едсон Арантес до Насименто Пеле е единствениот фудбалер во историјата кој освоил три Светски првенства (во 1958, 1962, 1970 година). Во текот на кариерата за Бразил одигра 92 натпревари и постигна 77 голови.
Пеле го држеше рекордот по постигнати голови за националниот тим до неодамнешното Светско првенство во Катар, каде Нејмар го повтори достигнувањето.
Во 2000 година, ФИФА ги прогласи Пеле и Диего Марадона за најдобри фудбалери на 20 век.