Почина Костадинка Велковска, хрватска театарска, телевизиска и филмска актерка и пејачка со македонско потекло.
Таа, како што пишува 24.hr, починала во неделата на 76-годишна возраст во пензионерски дом.
Простувањето ќе биде во четврток, 14 март 2024 година во 14 часот во крематориумот во Мирогој.
Костадинка во јули минатата година доживеа мозочен удар, по што беше на интензивна нега во КБЦ Загреб. После тоа се прошири лажна вест дека актерката починала, но тогаш нејзината снаа ја демантираше веста. На почетокот на годината нејзиниот син Никола Подкрајац изјави дека Костадинка била во загрепски дом за стари лица.
На почетокот на април за хрватските медиуми изјавила дека повеќе време поминува на лекар отколку на сцена, но дека тоа нема да и пречи на нејзините идни планови. Откако завршила во болница во тешка состојба, нејзината пријателка Марија Секелез открила дека Костадинка планира да одржи уште еден концерт на македонски народни песни.
-Таа велеше дека мора да го направи тоа наесен, а јас ќе и реков: „Коста, доволно се трудеше“, а таа пак ќе рече: „Не, не, уште треба да го направам ова“. . Таа е невообичаено вредна и храбра. Човек кој никогаш не кука, сè поднесува стоички. Без разлика на сите маки, таа секогаш се смее – ни изјави тогаш Секелез, пишува 24.хр.
Актерката имаше богата кариера. Таа глумеше во сериите „Забранета љубов“, „Комшии засекогаш“, „Нашата мала клиника“, „Не се откажувај“, „Нина“, „Дар Мар“, „Битанги и принцези“… Се оствари и со улогите во филмовите „Процес на бомбардирање“, „Браво маестро“, „Јазол“ и многу други. „Професорите ни велеа, научете да издржите, треба да издржите најмалку 40 години. Кога некој ќе ти го каже тоа, а имаш само 19 години, едноставно не разбираш, но навистина треба да истраеш и да се докажуваш затоа што секоја следна улога е како првата. Никогаш не сум била тип на наивна девојка, поради гласот зрачев со сериозност и веднаш ја изиграв Исауре, Јокаста, т.е. драмски ликови. Со текот на годините дојдов до рамнотежа на изгледот и зрелоста“, изјави во една прилика познатата актерка.