Австрискиот актер Хелмут Бергер почина денеска на 78-годишна возраст, објави неговиот агент, а пренесе „Еј-би-си њуз“.
Бергер се прослави во филмовите „Доријан Греј“ на Масимо Даламан и подоцна во „Кум 3“ од Френсис Форд Копола.
Овој актер оствари и многу улоги во филмовите на легендарниот италијанскиот режисер Лукино Висконти.
Бергер имаше истакнати улоги во филмовите на Висконти „Самрак на боговите“, „Лудвиг“, „Затворениот семеен круг“, како и во „Градината на Финци-Контини“ на Виторио де Сика.
Тој глумеше во бројни значајни продукции со филмски легенди како Роми Шнајдер, Елизабет Тејлор, Хенри Фонда и Берт Ланкастер.
View this post on Instagram