Почина Никола Проески, татко на начиот непрежален Тоше Проески.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска.
Тоше во една прилика изјави дека бил најсреќен кога му купил автомобил на неговиот татко.
„Низ годините, јас научив да се однесувам како некои луѓе што ми помагаа кога моето семејство беше сиромашно. Се трудам да им помагам на сите блиски колку што можам, дури и на оние што не ми се ништо. Затоа сум амбасадор на УНИЦЕФ. Живеам одлично, како и порано, и повеќе од тоа не ми треба. Јас бев најсреќен кога му купив автомобил на татко ми. Се вратив од турнеја и не купив за себе, туку купив за него!“, изјави Тоше.