Почна Евровизија, Македонија реши да штеди, па ќе гледаме на ТВ

Вечерва во 21 во Ливерпул почнува 67-издание на „Песна на Евровизија 2023“.

Иако минатата година победник беше Украина, таа земја поради војната не може да го организира фестивалот, па е префрлен во Велика Британија, како една од државите кои ја создадоа Евровизија како институција.

Според обложувалниците и набљудувачите, фаворит за победа во финалето е Шведска, која е претставена од Лорин со песната „Tattoo“, победничката на Евровизија 2012 година.

Advertisements

Фестивалот и оваа година ќе има две полуфинални вечери и една Голема финална вечер на 13 мај. Македонската телевизија ќе врши директен пренос иако ние овојпат нема да учествуваме. Уште пред неколку месеци од МРТВ појаснија дека таа одлука е во интерес на граѓаните на Македонија, па ако се подобри целата ситуација, догодина ќе и се вратиме на Песна на Евровизија.

„Имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза кои зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, но и зголемената котизација за самото учество на Евровизија 2023, којашто до лани изнесуваше 39.143 евра, а за идната година се очекува да биде повисока, Македонија нема да учествува на Евровизија 2023. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, каде што се одржува Евросонг 2023“, информираа официјално од МРТВ.