Актерката Шенон Доерти се прослави со улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“, а подоцна имавме можност да ја гледаме како Пру во хит серијата „Волшебнички“.
Познато е дека Шенон со години се бори со ракот на дојката, а сега на Инстаграм објави потресна информација.
Синдикатот на актерите SAG-AFRTA одбива да ѝ ги покрие медицинските трошоци бидејќи претходната година не заработила 26.470 долари, што е минимум за да се стекне со право на здравствено осигурување.
„Животното осигурување не треба да се заснова на годишен приход. Тоа е доживотен придонес. Не е во ред тоа што јас и многу други кои плативме доживотно членство да бидеме оставени само затоа што не ги исполнуваме вашите сегашни критериуми“, заклучила актерката.
На Шенон во 2015 година ѝ беше дијагностициран рак, по што ѝ беше извршена мастектомија, а исто така беше подложена на бројни третмани со хемотерапија и зрачење. Иако беше на ремисија, болеста ѝ се врати и таа редовно ги ажурира своите следбеници на Инстаграм за тоа како се чувствува.